Новогодишно обраќање на Гувернерот Гоце Бурзевски
Новогодишните празници се секогаш нова „станица“ за размислување и осмислување.
Размислуваме како помина претходната година, што направивме добро и дали можевме подобро во нашите многубројни успешни хуманитарни акции.
Но и осмислуваме како ќе ја поминеме наредната година.
Посакувам само да ја дуплираме хуманоста.
Заеднички.
Хумано.
Лајонистички…
Вам и на најмилите ви посакувам пред се’ убаво и весело да си ги поминете празниците, а во НОВАТА 2023та, во добро здравје да ви пораснат успесите, радоста и хуманитарните акции, да имаме пораст во членството и грижите кои не навјасаа оваа година да ги снема.
ВИ ПОСАКУВАМ ЗДРАВА И СРЕЌНА НОВА 2023 ГОДИНА!!!
Гоце Бурзевски
Дистрикт 132
Програма за 2022 – 2023
Завршно обраќање на Гувернерот, Весна Пацаноска
Драги лајонс пријатели,
Измина уште една лајонистичка година.Напорна,полна со предизвици, тешка,на почетокот со страв сеуште присутен од ковидот по сопственото здравје,но прекрасна година.Година која засекогаш ќе биде во моите сеќавања,година која со радост ќе ја прераскажувам на моите најблиски,година со успех и година на голема гордост,што сум лајон,што бев лидер,што бев гувернер на едно вакво прекрасно семејство на хумани луѓе. Ланската година кога ја презентирав мојата гувернерска програма,нашите пријатели Сандро и Роберто кажаа дека програмата е добро осмислена,но кажаа дека е малку преамбициозна. Не ме знаеја мене како личност и не ги знаеја веројатно доволно луѓето во мојот тим,но не ги знаеја доволно заради пандемијата и други околности,нашите членови и нашите лидери по клубовите.
Ја реализиравме програмата. 4 имиџ проекти:
1.”Математика без мака”
2.”Сите хумани проекти се порака”
3.”Купи и подари оброк,нахрани семејство”
4.”Оралното здравје,врата кон општото здравје”
Успешна реализација со многу убави резултати,континуирано во текот на целата година со примена во помал или поголем број на лајонс клубови. Многу други активности од сите области,проекти од минатите гувернери. Беше изработена Стратегија за работа на дистриктот во наредните 5 години и Статут на македонска лајонс фондација; Беше реализиран првиот национален ден на лајонизмот; Беа направени обуки според предвидената програма, РЛЛИ,обука за новите претседатели и секретари и други онлајн обуки. Минатата година кога го правев ГАТ тимот со идните гувернери, разговаравме за континуитет на ГАТ тимот,за што поголем усоех на дистриктот, во мојот и наредните мандати на гувернерите. За ГМТ координатор го назначивме да биде Пеце Петрески. Пеце толку добро ја спроведе мојата програма за стабилизација на членството во дистриктот и успеа да ги мотивира клубовите да примат и нови членови,така што во минатиот квартал бевме трет дистрикт во Европа по раст на членство. Негов додатен личен ангажман беше и посети по клубови и состаноци со зонски и региски координатори за примена на Global membership approach за пораст на членството во наредните години. Со еден збор,тој беше еден од луѓето без кој немаше да ги имаме овие резултати во дистриктот. Годинава имаме нов Лео клуб и нов бранч на ЛК Вардар. Друг човек без чија огромна работа и ангажман многу работи немаше да се вака успешни во дистриктот, е Маја Костовска,секретар на дистриктот. Ти благодарам Маја за трпението за многуте мои барања,за ѕвонења во ниедно време,за правни објаснувања,за толкување на правилата за работа според ЛЦИ. Наша среќна околност е што Маја е толку спремна и ги знае сите правила и принципи и постојано чита и се надградува лајонистички.
Благодарнист до сите зонски и региски координатори,до сите координатори по области,до Небојша Маслинко за упорноста и огромниот ангажман да потпишеме меморандум за соработка со Комодита,една таква реномирана компанија.Особено сакам да ја истакнам работата на зонскиот и регискиот координатор во Охрид, Марија Стоев и Ангел Јанев. Благодарение на нивната посветеност,знаеја како да ги спојат 4те клуба во Охрид да прават заеднички акции и сите ги спроведуваа сите 4 имиџ проекти.
Благодарност до ПР тимот,кои работеа напорно и направија таква убава промоција на лајонизмот и нашите акции во нашата убава држава, што луѓе веќе сами почнаа да не бараат за да ни се приклучат.
Направивме веб страница на Д132, која сега треба сите клубови да ја хранат со информации и слики.
Клубовите учествуваа на натпреварите и дистриктот испрати Постер и Есеј на мирот.
На ЕФ 2021 во Солун имавме учесник на музичкиот натпревар.
За следниот муз. натпревар на ЕФ Загреб 2022 добиениот грант за успешна приказна од 500€,е наменет за учество на нашиот кандидат.
На сите тие луѓе кои придонесоа за оваа исклучително успешна лајонистичка година се обидов барем малку да им возвратам, со медали и благодарници за нивниот исклучителен ангажман.
Се што сработив годинава,секоја одлука ја направив после консултација со адвокати,сметководители и со нашите специјални советници Сандро и Роберто.Тие ни се најдобрите пријатели, кои му мислат најдобро на дистриктот и на лајонизмот. Нивното присуство е од најголема помош за работата на дистриктот.
Драги лајонс пријатели,
Оваа година ги подигнавме стандардите за хуманитарни активности. Како на сите да ни беше премногу што две години бевме затворени и како да сакавме да надокнадиме за се што пропуштивме.Многу активности,многу убави дружби. Тоа е лајонизмот. Гордост.
Честитки и благодарност до секој лајонс член во нашиот дистрикт, секој претседател на клуб,секој секретар и секој лидер. Направивме да бидеме горди членови на оваа прекрасна организација. При посета на ЛК Вардар при предавањето на претседателската функција ми кажаа дека оваа година имавме прекрасна позитивна енергија и мотивација и во клубот во дистриктот и тоа е тоа што ги терало со задоволство да прават нови и нови акции.
Нема подобра оценка и признание од оваа изјава.
Ако и малку од тоа е моја заслуга како гувернер,јас својата зацртана мисија,успешно сум ја завршила.
Назад нема.Одиме само напред со многу поголеми успеси и во активности и во членство.
ВИ БЛАГОДАРАМ прекрасни луѓе на довербата,на соработката,на љубовта и среќата што ја ширевме.
Имам многу нови пријатели со кои веќе и приватно се дружам.Секогаш ќе ми останете сите лајони во срцето и сеќавањата.
Огромна чест и привилегија ми беше да го водам дистриктот.
ДА ГИ ОБЕДИНИМЕ СРЦАТА ПРЕКУ СЛУЖЕЊЕ!

Дистрикт 132
Дистриктот 132 се однесува административно и географски на клубовите на Р.С Македонија.
Дистриктот во моментот брои 30 Лајонс клубови и 8 Лео клубови кои во суштина се подмладокот на Лајонс клубовите.
Секој клуб има дефинирана структура и поделба на активностите.
На следниот документ може да ги погледнете информациите за клубовите во Македонија во 2021-2022 година.
Листа на клубови со контакт информации