Активности

Активности

Активностите се на иницијатива на клубовите и нивните членови. Најчесто се однесуваат на решавање на локални проблеми на заедницата или на определени теми кои се блиски до Лајоните.

Реализирани и објавени активности на Facebook

Прва акција оваа лајонистичка година.Како и секогаш помеѓу најдобрите клубови, Lions Club DARMA продолжува неуморно да служи во заедницата каде делува.Служиме!#lions #WeServeДонација на облека, постелнина, пешкири за потребите на Шелтер центарот за жени, жртви на семејно насилство и згрижувачки семејства за деца, Скопје. Посебна благодарност за поддршката на Наде.Заедно служиме 😀 ... Види повеќеВиди помалку
Види на Facebook
После завршеното примопредавање на гувернерската функција на Дистрикт 132, новиот Гувернер на Дистрикт 132, Goce Burzevski од Lions Club St.Pantelejmon - Skopje официјално започнува со своите активности.Честитки и жeлби за успех.Продолжуваме заеднички да служиме!#lions #WeServe ... Види повеќеВиди помалку
Види на Facebook
Драги мои Лајонси,Чест и привилегија ми беше да служам како лидер, гувернер на Дистрикт 132.Благодарност до сите лајонс членови, сите клупски лидери на соработката и на довербата што ми ја дадовте да го водам дистриктот оваа година.Многу хуманитарни акции, многу активности, многу услужени луѓе. Гордост!!!Мојот успех е ваш.Без вас немаше ништо да биде вака убаво како што е. Гордост и среќа е, да се биде дел од ова прекрасно хумано семејство.Да ги обединиме срцата преку служење❤️Служиме!!!#lions #WeServe ... Види повеќеВиди помалку
Види на Facebook
Во вистинската смисла на зборот, денес членовите на Д132 беа „Витези на слепилото".Последниот проект од програмата за оваа гувернерска година беше предавањето на апаратурата во очно одделение во Општата болница во Прилеп, која беше набавена со средства од остатокот на средства од ЕФ 2018, по одобрен проект на ЕФ 2021 во Солун.Среќна сум што апаратурата која е неопходна за рана дијагностика на вид кај деца, токму ние лајоните ја обезбедивме за дечињата од Прилеп,Кавадарци, Крушево, Македонски Брод и околните места.Служиме!!!"Да ги обединиме срцата преку служење"Служиме!#Lions #WeServe ... Види повеќеВиди помалку
Види на Facebook
Драги лајонс пријатели,Со големо задоволство ја споделуваме информацијата со вас за уште една донација на ниво на Дистрикт 132.Свечената вечера после конвенцијата во Прилеп имаше хуманитарен карактер и собраните средства беа наменети за Специјалниот завод во Демир Капија.Се собраа 35.070 ден. Набавени беа 2 инвертер клими по набавна цена од 34.200 ден. кои вчера им беа предадени во заводот, заедно со членови на ЛК Гевгелија. Нема поголем мотив и поубаво чувство од она кога барем малку да им се олеснуваат условите за живот на штитениците во заводот.Служиме!!!#lions #WeServe ... Види повеќеВиди помалку
Види на Facebook
Обединети и со заеднички заложби за подобро утре.Заеднo, Лајоните и Леовците од целиот свет на LCICon 2022. Споделуваме мал но значаен момент за сите нас кои заедно служиме.Отворање на #LCICon2022.#WeServe #lions ... Види повеќеВиди помалку
Види на Facebook